СПЕЦИЈАЛНИ ОГЛАСИ

Драги пријатели

 

Се надеваме дека уживате во користењето на бесплатниот електронски огласник Market7.mk. Нашата цел е да бидеме најдобра веб-страница за огласување и пребарување на вашите огласи, реклами, производи и пазарни промоции. За да постигнеме таква амбициозна цел, нашите стандарди на однесување потребно е да бидат на највисокото можно ниво. Ние максимално се вложуваме за да ви овозможиме најлесно и најубаво искуство кога го користите нашиот електронски огласник.

Со пристапување до www.market7.mk и неговите поврзани веб-страници, домени, поддомени, услуги, апликации или алатки (колективно наречени „Market7.mk“) се согласувате со следниве услови, кои се дизајнирани за да се осигураме дека Market7.mk ќе работи за секого. Market7.mk ви го овозможува компанијата Андромеда ДООЕЛ, лоцирана во Скопје, Македонија. Овие Услови за употреба претставуваат правно обврзувачки договор помеѓу вас и Андромеда ДООЕЛ и се во употреба од 1 јануари 2021 година за тековните корисници и по прифаќањето на условите за сите нови корисници. Вие ги прифаќате Условите за употреба со прифаќање на копчето „Услови за употреба“, при регистрирање корисничка сметка (Профил) на Market7.mk и со пристапување на Market7.mk на било кој друг начин, вклучително и објавување на оглас; или поинаку наведено на Market7.mk.

Market7.mk е заштитена трговска марка на компанијата Андромеда ДООЕЛ, регистрирана во Скопје, Македонија со даночен број 4044020517346 и лоцирана во Скопје, Македонија. За било какви информации во врска со работата на Market7.mk, ве молиме проследете ги вашите прашања на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. вклучувајќи ги и вашите детали за контакт или кликнете за да контактирате со нас преку веб-формата.

Сите сторители кои ќе ги повредат авторските права на Андромеда ДООЕЛ ќе бидат пријавени и гонети од одговорните државни институции.

 

Условите за употреба на Market7.mk се следниве:

 

Заштита на вашата приватност и вашите податоци

Нашата најважна задача е да ја заштитиме вашата приватност и да овозможиме безбедност за вашите податоци кога го користите електронскиот огласник Market7.mk за додавање огласи, реклами или за користење во форма на пазар, реклама за вашиот бизнис и слично. Ние се обврзуваме на највисоките стандарди според домашните законски прописи, како и на меѓународните стандарди.

Кога користите Market7.mk за да објавувате огласи, реклами или вршите пазарна продажба, потребно е да регистрирате корисничка сметка (Профил). По успешното регистрирање на вашата корисничка сметка, вие ги прифаќате Условите за употреба за да ја користите нашата веб-страница. Со цел да обезбедиме висококвалитетна услуга за вас, од вас можеби ќе ги прибереме следниве податоци: Име, презиме, е-пошта, телефонски број, живеалиште и /или деловна локација, фотографија и IP адреса. Компанијата Андромеда ДООЕЛ ќе ги користи овие податоци за своја комерцијална цел со цел да ги анализира потребите на клиентите, да ги подобри моменталните и да развие нови услуги и понуди, да ги подобри активностите за маркетинг и рекламирање и да ви обезбеди најдобро искуство при користење на веб-страниците и производите на Андромеда ДООЕЛ. Ние нема да ги откриеме вашите лични информации на ниту една трета странка, освен ако тоа не го побараат правните институции, или пак доколку е потребно да ги испочитуваме нашите законски обврски, да ги спроведеме нашите Услови за употреба или да спречиме, откриеме и истражиме лажни или незаконски активности поврзани со нашите услуги. Ние се обидуваме да го минимизираме количеството на лични информации кои ги споделуваме на само она што е директно релевантно и потребно за да се постигне одредената цел. Ние не ги продаваме, изнајмуваме, или на друг начин откриваме вашите лични информации на трети страни за нивни маркетинг и рекламни цели без ваша согласност. Секогаш ќе имате можност да побарате конечно бришење на вашите податоци од наша страна. Ве молиме, испратете го вашето барање за бришење на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. од е-адресата што се користи за регистрација, вклучувајќи го и вашето корисничко име.

Доколку увидите дека вашите лични податоци биле злоупотребени во било каква форма или за било какво нарушување на безбедноста на нашите системи, веднаш известете на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со предметот АЛЕРТ и опишете го проблемот.

Во случај на било каква повреда на законите, компанијата Андромеда ДООЕЛ како сопственик и оператор на Market7.mk и нивното одговорно лице ќе ги известат домашните правни органи и ќе соработуваат со целосна транспарентност. Вашите лични податоци може да бидат пренесени или да постанат предмет на разгледување од правните органи во согласност со законските прописи.

 

Сигурност на услугата

Market7.mk функционира во дигиталниот свет, но сепак зависи и од реалниот (физички) свет поради потребната електрична енергија, стабилноста на системите, работната сила и сл. Затоа, ниту една услуга не може да се обезбеди 100% во текот на цело време, потребни се извесни временски периоди за одржување на системите на кои функционира Market7.mk, за проверка на процедурите за работење и за обновување на системите и процесите откако ќе настапи поголема природна или вештачка катастрофа. Market7.mk обезбедува 24/7 услуга на своите клиенти со вкупна достапна оперативност поголема од 95% во текот на период од 12 месеци.

Исклучоци: Било какви периоди на ограничен пристап до услугите на Market7.mk заради ажурирање, редовно сервисирање или поправка на оперативните системи или неможноста да се обезбеди услуга поради причини кои се вон силата на Market7.mk да делува (како што се природни или вештачки катастрофи, ограничување на услуги од трети страни, војна, акти на насилство) нема да се смета за ограничен пристап или период на недостапна оперативност на услугите во период од 12 месеци. Доколку некои податоци се изгубат или корисничките сметки (профили) се избришат заради техничка неисправност или поради виша сила, Андромеда ДООЕЛ и нејзините одговорни лица нема да бидат земени за одоговорни за настанатата ситуација.

 

Плаќање

Market7.mk користи најнапредна технологија за да обезбеди сигурност на вашите платежни трансакции и целокупното корисничко искуство. Market7.mk користи SSL - Secure Sockets Layer, протокол за безбедност на Интернет заснован на криптирање за да обезбеди приватност, автентификација и интегритет на податоците во интернет комуникациите. Покрај тоа, Market7.mk користи порти за плаќање (payment gateway) кои се докажано безбедни, со што ви се овозможува најдобро искуство во прелистување и користење на електронскиот огласник.

Електронското плаќање со платежни картички се одвива преку виртуелен ПОС терминал овозможен од Халкбанка А.Д Скопје. Халкбанка оваа услуга ја има имплементирано преку безбедносниот систем на Visa - Verified by Visa (VbV) и преку безбедносниот систем на MasterCard International – Master Secure Code во соработка со платежниот процесор Nestpay. Овие системи претставуваат глобални програми дизајнирани да го направат електронското плаќање побезбедно и посигурно за корисниците. При плаќање на Market7.mk вие ќе бидете префрлени на платформата на платежните системи и вашите податоци од платежната картичка во ниту еден момент нема да бидат на увид или зачувани од страна на Market7.mk.

Доколку воочите проблем со наплатата на вашата сметка, ве молиме испратете порака до Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со наслов АЛЕРТ и објаснете го вашиот проблем. Маркет7 ќе направи се за да ве услужи и помогне во решавање на проблемот со плаќање.

Бидејќи услугата која ја нуди Market7.mk за промоција на огласи се активира веднаш по наплатата, ние не нудиме поврат на средствата, освен доколку ние ја немаме извршено нашата услуга или сме одбиле да ја извршиме услугата. Во тој случај ќе понудиме поврат на средствата или ќе ви понудиме алтернатива во зависност од вашите насоки како да постапиме.

 

Регистрација на корисничка сметка

Регистрацијата на корисничка сметка е бесплатна. Регистрацијата на корисничката сметка се прави со следење и извршување на потребните чекори. Верификацијата за човечки фактор е задолжителна на начин како што е предложен од Market7.mk. Треба да бидете регистрирани и најавени на Market7.mk за да објавите оглас (оглас, реклама или производ). Објавувањето огласи е бесплатно. За објавување на поголема количина на огласи, Market7.mk нуди неколку премиум платени пакети. Било какви дополнителни услуги и промоции на огласи, реклами, производи, пазарни продажби и слично, се плаќаат во согласност со ценовникот на Market7.mk.

Ако корисничката сметка е неактивна за период од 24 месеци, Market7.mk има право да ја избрише.

Кога користите Market7.mk ја користите најновата технологија што се применува на веб-страниците со електронски огласи. Можеби од вас ќе биде побарано да дадете согласност за функционирање на одредени софтверски елементи со цел подобра услуга за вас. Доколку вашиот компјутерски или мобилен софтвер не е ажуриран, можеби нема да успеете целосно да ги користите услугите овозможени од Market7.mk.

 

Општи правила за употреба

На Market7.mk сакаме да се осигураме дека страницата е чиста, пријателска и употреблива за секого. Огласите, рекламите, текстовите, производите и други пазарни промоции кои не ги почитуваат правилата за објавување може да бидат отстранети од веб-страницата.

Вие сте целосно одговорни за сите информации што ги доставувате до Market7.mk и за сите последици што можат да произлезат од вашата објава. Го задржуваме правото, а во наша дискреција, да одбиеме или избришеме содржина за која сметаме дека е несоодветна или ги прекршува нашите Услови за употреба. Ние, исто така, го задржуваме правото, а во наша дискреција, да суспендираме привремено или трајно регистриран корисник (профил) на страницата или да одбиеме регистрација на корисник.

Пред објавување на огласи, реклами, производи или било какви пораки, земете ги предвид следниве правила:

  • Корисниците треба да ги почитуваат сите законски прописи и не смеат да прекршуваат или да придонесуваат во прекршување на законските прописи;
  • Корисниците не смеат да објавуваат заканувачки, навредлив, клеветнички или непристоен материјал;
  • Корисниците не смеат да објавуваат или на друг начин да пренесуваат каков било лажен или погрешен материјал или порака;
  • Корисниците не смеат да повредат или загрозат права на трети лица;
  • Корисниците не смеат да спамираат со пораки, измамнички писма или да промовираат пирамидални шеми;
  • Корисниците не смеат да дистрибуираат компјутерски вируси или какви било други технологии што можат да му наштетат на Market7.mk или на интересите и/или имотот на корисниците на Market7.mk;
  • Забрането е да се наметнува или придонесува во наметнување на неразумен интернет сообраќај на нашата инфраструктура или било какво мешање во правилното работење на Market7.mk;
  • Забрането е копирање, изменување или дистрибуирање на содржината на било кое лице без нивна согласност;
  • Забрането е користење било какви автоматизирани средства и софтвери за пристап до Market7.mk и прибирање на содржина и податоци за било каква цел без наше јасно писмено одобрение;
  • Забрането е прибирање или на друг начин собирање информации за други лица, вклучително и е-адреси, без согласност од лицата;
  • Забрането е копирање, менување или дистрибуција на права или содржина од Market7.mk или авторските права и трговските марки на Андромеда ДООЕЛ;
  • Забрането е да се заобиколат мерките што се користат за спречување или ограничување на пристапот до Market7.mk;
  • Не е дозволено да се користи ниту една алатка што го попречува нормалното функционирање на Market7.mk;
  • Забрането е продавање на фалсификувани предмети или на друг начин повреда на авторските права, трговските марки или други права на трети лица;
  • Не се дозволени злонамерни огласи или клевети на страницата;
  • Не се дозволени нелегални предмети или услуги на Market7.mk;
  • Не се дозволени огласи што содржат експлицитни содржини наменети само за возрасни;
  • Не се дозволени огласи за лични контакти;
  • Сите реклами треба да бидат објавени во најсоодветната категорија.
  • Секој оглас, реклама, производ, порака или пазарна промоција треба да биде објавена на страницата само еднаш. Дупликати и спам реклами не се дозволени;
  • Секој оглас, реклама, производ, порака или пазарна промоција треба да содржи само една ставка. Повеќе ставки треба да бидат наведени во одделни објави, со исклучок на објавите за продажба на покуќнина и рекламите за работни позиции со повеќе отворени позиции;
  • Предметите објавени за продажба треба да ја содржат цената во рамките на огласот;
  • URL-адресите треба да бидат внесени во полето URL, а не во описот на огласот;
  • Корисниците треба да ги внесат своите податоци за контакт во точните полиња во рамките на нивните огласи. Додавањето на овие детали во описот на огласот, фотографиите или насловот не е дозволено;
  • Не е дозволено додавање лажни или невалидни телефонски броеви. Додавањето на телефонски број во вашито оглас е опционално. Ако не сакате да додадете, оставете го полето празно;
  • Не е дозволено спамирање со клучни зборови (вклучително и многу незначајни зборови во вашиот оглас) за манипулирање со пребарувањата;
  • Market7.mk не дозволува дискриминација од било каков вид;
  • Не е дозволен навредлив јазик, говор на омраза или било какви вулгарности;
  • Продадените предмети и другите огласи што веќе не се достапни треба да ги избрише корисникот што ги објавил;
  • Сите предмети и услуги мора да бидат лоцирани во Македонија, освен ако не рекламирате личен имот во странство, во тој случај мора да биде објавен во Категорија на Недвижности> Поткатегорија: Во странство;
  • Не се дозволени реклами во кои се наведува дека не се прифаќа готовина, освен ако не е наведено дека огласениот предмет е бесплатен и за подарување,
  • Не се дозволени огласи, реклами, производи и пазарна промоции во кои се наведува дека предметот не е можно да се види или дека неможе да се подигне лично;
  • Огласување на производи кои ги немате на располагање е недезволиво. Сите предмети мора да бидат во распоалгање на огласувачот пред да бидат објавени.
  • Сите огласи треба да бидат објавени на македонски јазик. Покрај македонскиот текст на огласот, дозволено е да се ​​има дополнителен превод на друг јазик во описот на огласот.

 

Колачиња и слични технологии

Кога ги посетувате и користите нашите веб-страници, услуги, апликации, алатки или пораки, ние или нашите овластени даватели на услуги може да користиме колачиња (cookies) и други слични технологии за да ви овозможиме подобра, побрза и побезбедна услуга и искуство за огласување, рекламирање, пазарење и маркетинг .

 

Одговорност за сопствените постапки

Вие сте целосно одговорни за сите информации што ги доставувате до Market7.mk и за сите последици што може да произлезат од вашата објава. Го задржуваме правото, според наша дискреција, да одбиеме или избришеме содржина за која сметаме дека е несоодветна или ги прекршува горенаведените Услови за употреба. Ние, исто така, го задржуваме правото, според наша дискреција, на корисник да ограничиме привремено или трајно пристап до услуги и користење на Market7.mk или да одбиеме регистрација на корисник. Ако увидиме или се сомневаме дека ги прекршувате овие Услови за употреба на било кој начин и /или се однесувате сомнително и несоодветно на Market7.mk, можеме, според наше дискреционо право, да ги информираме другите корисници на Market7.mk кои биле во контакт со вас и да им препорачаме да внимаваат.

 

Одговорност

Ништо во овие Услови за употреба нема да ја ограничи нашата одговорност за лажно и погрешно претставување или за смрт или лична повреда како резултат на наша небрежност или небрежност на нашите агенти или вработени. Вие се согласувате да нѐ не сметате за одговорни за работите што другите корисници ги објавуваат или прават.

Ние користиме автоматизиран систем за проверка на објавите на корисниците и не сме вклучени во реалните трансакции помеѓу корисниците. Бидејќи најголемиот дел од содржината на Market7.mk доаѓа од други корисници, ние не гарантираме точност на објавите или корисничките контакти, безбедноста или законитоста на понуденото.

Во никој случај не прифаќаме одговорност за огласи во кои има било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички или непристојни информации или материјал од каков било вид што ги навредува или прекршува правата на било кое друго лице, вклучително и без ограничување секаков тип на однесување кое поттикнува или охрабрува постапки што би претставувале кривично дело, можат да предизвикаат граѓанска непослушност или на друг начин да прекршат законски прописи.

Вие, нѝ дозволувате, дека не можеме да гарантираме постојан, без грешки или целосно безбеден пристап до нашите услуги или дека дефектите во услугите секогаш навремено ќе бидат исправени. Иаку, од наша страна секогаш ќе вложуваме максимални разумни напори за одржување на непрекината услуга, ние сепак, не можеме да го гарантираме ова и не даваме никакви ветувања или гаранции (без оглед дали се изричито пишани или имплицитни) за работата и достапноста на нашите страници, услуги, апликации или алатки.

 

Ви благодариме што ги прифативте Условите за употреба на Market7.mk.

 

Ваши пријатели,

Андромеда и тимот

 

Контактирајте со нас

СПЕЦИЈАЛНИ ОГЛАСИ

Opel Insignia Grand Sport Business 2.0CDTI 170ks
Opel Insignia Grand Sp ...
СЕ ПРОДАВА20.200 EUR
STOLNA LAMBA OFIS
STOLNA LAMBA OFIS
СЕ ПРОДАВА1.599 MKD
Se izdava ubavo namesten dvosoben stan vo Centar D
Se izdava ubavo namest ...
СЕ ИЗНАЈМУВА500 EUR
KANCELARIJA VO DELOVNA ZGRADA, PALOMA BJANKA
KANCELARIJA VO DELOVNA ...
СЕ ПРОДАВА50.000 EUR
Opel Corsa Edition 1.2 70ks MT
Opel Corsa Edition 1.2 ...
СЕ ПРОДАВА11.900 EUR
Masaza skopje
Masaza skopje
СЕ ПОДАРУВА2.000 MKD

НАЈНОВИ ОГЛАСИ

Patuljasta Pudla štenci
Patuljasta Pudla štenc ...
СЕ ПРОДАВА300 EUR
СЕ ИЗДАВА ДВОСОБЕН СТАН ВО ТАФТАЛИЏЕ 1 - ВО НАСТЕЛ
СЕ ИЗДАВА ДВОСОБЕН СТА ...
СЕ ИЗНАЈМУВА380 EUR
СЕ ИЗДАВА ТРОСОБЕН СТАН ВО ЦЕНТАР - НА ВОДНО
СЕ ИЗДАВА ТРОСОБЕН СТА ...
СЕ ИЗНАЈМУВА890 EUR
СЕ ПРОДАВА ТРОСОБЕН СТАН ВО ЦЕНТАР - 50 ДИВИЗИЈА
СЕ ПРОДАВА ТРОСОБЕН СТ ...
СЕ ПРОДАВА127.000 EUR
SE IZDAVA NOV TROSOBEN STAN VO ТАFTALIDZE KAJ NOVA
SE IZDAVA NOV TROSOBEN ...
СЕ ИЗНАЈМУВА400 EUR
Продавам мебел
Продавам мебел ...
СЕ ПРОДАВА3.000 MKD

НАШАТА МИСИЈА

„Да ви овозможиме технички и содржински најдобро подготвен електронски огласник, кадешто ќе можете едноставно и лесно да објавувате огласи и реклами, да ги продавате и нудите вашите производи и услуги и да пребарувате низ многуте категории и локации за да ги најдете предметите, услугите и понудите кои вам совршено ви одговараат.“